Нов „спортист“ на струја – Baltasar Revolt
Шпанската компанија Baltasar (основана во 2011 година) го претстави електричен спортски автомобил именуван како Revolt, за кој се вели дека се чувствува како дома и на регуларен пат и на тркачка патека
Од Baltasar посочуваат дека погонот и целата друга технологија се развиени независно во таа компанија, освен батериите, кои се резултат на партнерството со шпанскиот производител Millor Battery.
Со едно полнење на батеријата, автономијата на пат е околу 483 км, а на патека е потребно повторно полнење по 40 минути. За автономија од 60 милји (96 километри) на брз полнач се потребни само 5 минути полнење.
Овој двосед тежи само 770 килограми (каросеријата е изработена од јаглеродни влакна) и располага со 600 КС и 998 Nm. Од Baltasar наведуваат дека забрзувањето од 0 до 96 km/h е помалку од 2,5 секунди, додека податоците за максималната брзина не се објавени.
Baltasar Revolt чини 230.000 евра, нарачките веќе се прифаќаат, а првите испораки се најавени за следната година.