Според Deutsche Umwelthilfe, уште еден од големите германски производители на автомобили користи уреди кои ги фалсификуваат резултатите од мерењето на издувните гасови во дизел моторите.

По скандалот Дизелгејт, кога Volkswagen ги фалсификуваше резултатите од мерењата на издувните гасови на дизел моторите, се покажа дека многу производители ширум светот користеле слична практика. Денес, дизел моторите изумираат, бидејќи никој од производителите,  практично не може да ги исполни најновите емисии без мамење.

Но, како што пренесува Deutsche Umwethilfe, еден од германските производители постојано се обидува да ги фалсификува резултатите со користење на забранети уреди. Експертскиот извештај, нарачан од американската адвокатска фирма Милберг, опишува низа досега непознати, нелегални уреди кои ја фалсификуваат количината на издувни гасови во моторите на германскиот производител на автомобили.

Ова е докажано со тест возења, мерења на издувните гасови и податоци за софтверот на моторот. Како резултат на тоа, автомобилите што ги исполнуваат ограничувањата за емисија на азотни оксиди за време на дневното возење може да испуштаат и до 500 проценти повеќе супстанции!

Повеќе информации ќе бидат соопштени денес, 5 ноември, на посебна конференција за ова прашање, по што ќе се дознае и за кој производител станува збор.