Во тек е инсталација на камери кои ќе ја мерат просечната брзина на одредени делници од автопатиштата!

Таквиот систем за контрола на брзината веќе е законски одобрен, но не сите го прифаќаат тоа со воодушевување.

Најпознатиот систем кој мери просечна брзина на патни делници е италијанскиот Tutor, кој работи одамна на автопатиштата во оваа земја. Сличен тип на камери се користи на австриските автопатишта и соседна Србија. Од сега и во Германија. Првиот национален радар за контрола на брзината на дел од автопатот јужно од Хановер веќе е во легална употреба, а оваа технологија наскоро ќе може да се користи насекаде.

Со овој систем би требало да се стави крај на практиката на многу возачи кратко да притиснат на сопирачката пред наидување на камера, за потоа да повторно да нагазат на педалата за гас.

Првата делница од радарскиот систем, лоцирана јужно од Хановер, треба да го спречи ваквото однесување и да го направи бескорисно. Таквиот систем за контрола на брзината сега е законски одобрен, но не сите се премногу воодушевени со тоа, меѓу кои предничат возачите, поборници за заштита на податоците, па дури и германскиот автомобилски клуб ADAC.

Првиот радар кој ја мери просечната брзина е одобрен по долги правни спорови, но пресудата на Вишиот управен суд во Линебург е конечна. Ова значи дека сите сојузни држави сега може да ја користат истата технологија на одредени делници.