Нов начин на справување со автомобилските кражби / ВИДЕО
Автомобилските кражби во американската сојузна држава Калифорнија се толку чести што сопствениците на возила се одлучиле на очајнички потег – оставаат отворена врата од автомобилот, а вратата од багажникот ширум отворена
Сопствениците на возила очигледно сакаат да кажат дека во нивните автомобили нема вредни предмети.
На сликата се два теренци паркирани еден до друг во областа Сан Франциско со отворен багажник. На полицајците не им се допаднал овој начин на одвраќање на провалниците и им советуваат на возачите да не го прават тоа. Од полицијата велат дека на овој начин крадците можат со малку труд да ја отворат кутијата за ракавици од автомобилот и на тој начин да украдат важни документи. Кражбите на возила во регионот годинава се зголемени за 32 отсто. За само една година бројот на кражби е зголемен за 27 проценти.