Нов голем пад на продажбата во Европа
Токму кога производителите на автомобили се понадеваа дека започна стабилизирање на продажбата на нови возила на Стариот континент, стигна „ладен туш“.
И во август, продажбата во Европа бележи пад од 18,9%, далеку повеќе отколку во јули, кога беше „минусот“ бил само 5,7%. Но, осмиот месец од годината никогаш не бил познат по особено добра продажба, пред се затоа што во тоа време голем број луѓе биле на одмор.
Оваа година, тоа треба да се земе со голема резерва, поради бројните ограничувања кога станува збор за патувањата поради пандемијата на коронавирус. Новиот пораст на инфицирани во земји како Шпанија и Франција дополнително ги влоши веќе слабите продажни резултати.
Во првите осум месеци од оваа година, побарувачката за нови автомобили во ЕУ паднала за неверојатни 32%! Во периодот од јануари до август испорачани се 6,1 милиони нови возила, што е за 2,9 милиони полошо од минатата година.
Кога станува збор за индивидуалните големи пазари, се чини дека Италија конечно успеа да ја стабилизира продажбата, со само 0,4% помалку возила испорачани во август споредено со претходната година, додека продажбата во Франција и Германија паднала за околу 20%.
Очигледно е дека какви било претпоставки во врска со крајниот исход на продажбата оваа година се многу неблагодарни, а со оглед како се одвиваат работите со се поизвесниот втор бран на пандемијата, неможе да се биде ни оптимист.