![Нов голем минус во јануари на Европскиот пазар на нови автомобили](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/09/new-cars-on-dealership-showroom-floor.jpg)
Нов голем минус во јануари на Европскиот пазар на нови автомобили
Падот на продажбата продолжи и во јануари
Продадени се 726.000 нови автомобили односно 24 проценти помалку од јануари 2020 година. Шведска е единствениот пазар со раст, а Франција единствениот пазар со релативно благ пад. Доволна причина за промена на позициите на листата на најпродавани
Toyota со своите хибриди влезе во Европскиот Топ 3. На првите две позиции се Volkswagen и Peugeot, па прашање е дали Toyota може погоре со оглед на тоа дека Германците купуваат VW, а Французите Peugeot.
Во првите пет се и BMW и Mercedes со продажба од над 50.000 примероци. Премиум брендовите, сепак, најдобро се спротивставуваат на реалноста наречена Covid-19. Брендовите како Opel, Citroen, Fiat и Dacia се надвор од првите десет. Во првите дваесет, може се и Jeep, Mazda и Mitsubishi, како и Honda.
Каде е Tesla?
Tesla воопшто ја нема на списокот на ACEA. Според некои податоци 453 автомобили на Tesla биле регистрирани во Германија во јануари, 203 во Франција и 46 во Шпанија. Податоците за Велика Британија и Италија не се познати. Во Шведска имало помалку од 22 автомобили, а во Холандија во јануари биле продадени само 14 возила. Тоа е намалување од 3.938 автомобили споредбено со декември 2020 година. Со сигурност може да се претпостави дека во Европа во јануари 2021 година се продадени помалку од 1.500 Tesla автомобили од продадени 726.000 автомобили.
Повеќе податоци на следниот линк