Нов експеримент на Garage54: Може ли дизел мотор да работи на бензински? / ВИДЕО
Направени се обемни модификации на моторот
Општо е познато дека дизел и бензинските мотори се разликуваат во конструкцијата. Дури и без основно познавање на термодинамиката, повеќето ќе можат да ги препознаат разликите, особено оние што се однесуваат на начинот на активирање на смесата. Знаејќи го сето ова, јасно е зошто не е добро да се истура бензин во резервоар со дизел мотор, ниту дизел во резервоар со бензински мотор.
Но, како и многу пати досега, Русите ид Garage54 сакаат да покажат дека се е можно и за таа цел се одлучиле да редизајнираат дизел мотор на Toyota. Пред нив има бројни пречки, од потребата да се намали компресијата со намалување на клиповите до инсталирање на свеќички…
По сите потребни модификации и чистење, моторот е составен и поврзан со акумулаторор. Додаден е бензин и …
Погледнете го видеото во прилог.