Nissan нема пари за новиот Qashqai
Производството на третата генерација на моделот е одложено
Сериското производство на третата генерација на Nissan Qashqai е одложено барем до април 2021 година, бидејќи јапонската компанија има сериозни финансиски потешкотии поради карантинските мерки произлезени од пандемијата на коронавирус, пренесува Financial Times.
Според изданието, производството на кросоверот требаше да започне овој октомври, но јапонската компанија никогаш официјално не ја потврди оваа информација. Новиот Qashqai треба да се склопува во фабриката во Сандерленд (Велика Британија), во која се инвестирани 400 милиони фунти.
Повикувајќи се на свои извори, Financial Times тврди дека причина за доцнењето е коронавирусот, кој предизвика сериозна штета и целосно ги нарушил плановите на Nissan. Друг проблем е претстојниот трговски договор на Велика Британија со ЕУ, а поврзан со Брегзит.
Фабриката во Сандерленд произведува околу 500.000 автомобили годишно, од кои половина се за Европскиот пазар. Околу 1/3 од нив се од моделот Qashqai. Експертите очекуваат дека новите трговски тарифи и такси во Европа можат да го уништат деловниот модел на Nissan и особено продажбата на кросоверот.
Судбината на урбаниот модел Micra е исто така нејасна. Според некои информации, следната генерација ќе ја развива целосно партнерот во алијансата, Renault. Сепак, не е познато каде ќе се произведува – сегашната генерација се склопува во француската фабрика во Флен, заедно со Renault Clio и Renault Zoe.
Што се однесува до продажбата на Micra, годинава таа е двојно помала. За првите 6 месеци од годинава, Nissan продал само 18.154 примероци од хечбекот.