![Nissan Leaf ќе се трансформира во електричен кросовер во 2025 година](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2021/10/2021-Nissan-Leaf-1024x555.jpg)
Nissan Leaf ќе се трансформира во електричен кросовер во 2025 година
Третата генерација на Nissan Leaf ќе изгледа поинаку кога ќе пристигне во продажните салони, вели Гијом Картие, шеф на Nissan Европа
Имено, нов електричен кросовер ќе го замени сегашниот хечбек. Трансформацијата ќе се случи во 2025 година, што значи дека новитетот е веќе во развој.
Новиот електричен кросовер ќе почива на платформата CMF-EV на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Промената на стилот на каросеријата е дел од планот на компанијата да инвестира една милијарда евра во фабриката во Сандерленд, каде што ќе се произведува новитетот. Во моментов од производствените линии во оваа фабрика се симнуваат Juke, Leaf и Qashqai, а новата инвестиција ќе овозможи производство на 100.000 единици на неименуваниот кросовер годишно.
Инвестицијата ќе му помогне на јапонскиот производител да направи транзиција кон целосно електрифицирана гама, што треба да се постигне до 2025 година. Планот вклучува и електрични возила како електрични модели, така и хибриди. Уште поамбициозен план е 80 проценти од глобалната продажба до 2030 година да биде поврзана со електрични автомобили, или 40 проценти во Соединетите држави. Новиот кросовер ќе биде глобален модел, така што Европјаните нема да бидат единствените кои ќе уживаат во него. На новата платформа ќе биде поставена и Nissan Ariya.
Деталите за новиот кросовер се уште не се познати. Компанијата лансираше „тизер“ кога беше најавена инвестицијата во фабриката во Сандерленд во јули. Сепак, нема посебни допирни точки со Leaf, кој на сцената се појави пред десет години, нудејќи солидна автономија за времето кога се уште се сонуваше за „мејнстрим“ електрични автомобили. Многу нешта се променија во последните десет години, и ќе бидеме сведоци на уште поголеми промени во деценијата што следи.