Nissan ја претстави новaта генерација на X-Trail / Rogue / ФОТО+ВИДЕО
Nissan и официјално ја претстави четвртата генерација на својот модел X-Trail, во Северна Америка познат како Roque
Всушност промоцијата се однесува на верзијата за американскиот пазар, од причина што токму на овој пазар моделот прво влегува во продажба. Опциите за Европа и останатите пазари ќе бидат познати подоцна.
Кросоверот е премиерен модел на брендот, изграден на нова платформа на која ќе се гради и следниот Mitsubishi Outlander. Должината на автомобилот е намалена за 38 mm (4.562 mm), a висината за 5 mm (1.695 mm), но од Nissan тврдат дека ентериерот нуди поголем простор од претходно.
Новиот Roque / X-Trail добил двокатна оптика и поголема решетка на ладилникот со хромирани елементи. Задните врати се отвораат практично 90 степени, а ширината на багажниот простор достигнува 1158 mm.
Интериерот е значително побогат, а седиштата, предниот панел и ентериерот на вратите се обложени со кожа. И предните и задните седишта се направени со употреба на нова технологија на компанијата Zero Gravity, која е креирана во соработка со специјалисти на NASA.
Во внатрешноста стандард е 8-инчен екран за инфо-забавниот систем со Apple CarPlay и Android Auto, додека 9-инчен дисплеј со поголема резолуција е достапен како опција. Вториот има вградена сателитска навигација.
Ако го сакате најдоброто за вашите пари што може да го понуди Rogue, тогаш изборот паѓа на моделот Platinum spec пакет на опрема (12,3 дигитален инструмент панел + 10,8 инчен екран за инфо-забавниот систем). Оваа верзија доаѓа со ProPilot Assist со Navi-Link, безжичен Apple CarPlay, безжична подлога за полнење Qi, систем Bose со 10 звучници, амбиентално осветлување и многу повеќе.
Моделот добил 10 воздушни перничиња и сите технологии Nissan Safety Shield 360, вклучувајќи систем за итно запирање со препознавање на пешаците, како и функција за следење на слепите области, помош за одржување во сообраќајна лент…. Управувачкиот систем ProPILOT Assist е достапен како опција и работи во комбинација со темпоматот.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1rDH0bZYKSUB_rm_NGWGzdDLvKQer0JLd” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Досега е познат само еден погонски агрегат за кросоверот, кој ќе биде достапен во Соединетите држави. Станува збор за 2,5-литарски мотор DOHC со 4 цилиндри и директно вбризгување на горивото кој развива 194 КС и 245 Nm вртежен момент. Кросоверот добил интелигентен систем за погон на четири тркала со електро-хидраулика на задната оска. Тука се и петте режими на работа во верзијата со погон на сите тркала – Off-road, Snow, Standard, Eco и Sport, односно три во верзијата на погон на предните тркала.