Неверојатни снимки: Видеа од полски возачи испратени до полицијата! / ВИДЕО
Само оваа година се испратени повеќе од 1.000 снимки, а ова е само избор од „најинтересните“.
Додека во Европа и светот се води дебата за оправданоста од користење камери за снимање на возењето, полската полиција во Померанијското војводство ги охрабрува возачите да го сторат тоа и да им испратат снимки во рамките на акцијата „Стоп за агресијата на патиштата“.
По добивањето на видеата следува анализа на истите, проследена со казнување на возачите кои патот го доживуваат како нивно игралиште. Само оваа година се испратени повеќе од 1000 снимки, а ова е само избор од „најинтересните“. Агресија, опасни маневри, сопирање пред другите возачи…