Меѓу автомобилите кои се пристигнати пред триесетина дена се најнови модели на Lexus, Cadillac, Mercedes …

Околу 8.000 луксузни автомобили наменети за клиентите во Русија стојат „заробени“ во пристаништето Зебриж во Белгија. Според Wall Street Journal, меѓу автомобилите се некои од најновите модели на Lexus, Cadillac и Mercedes, а во Белгија пристигнале од Азија во првата недела од април. Тие требало да бидат претоварени во Русија, но билр запрени под санкциите со кои се забранува извоз на возила во вредност од над 50.000 евра.

Акумулацијата на возила во белгиското пристаниште е нов пример за конфузијата што владее во многу европски пристаништа околу тоа како да се спроведат санкциите против Русија.

„Возилата се под забрана за продажба на луксузни производи, но има голем број други производи кои се заглавени овде под различни санкции“, вели Марк Адријансенс, директор на автомобилскиот терминал на пристаништето“.

„Автомобилите веројатно ќе останат тука додека не најдат купувачи на други пазари. Не знаеме кои се клиентите во Русија, ниту пак во чие сопствеништво се сега. Во нашето пристаниште има место за 10.000 возила“.

Зебриж е едно од најголемите европски пристаништа за претовар со сообраќај од повеќе од два милиони автомобили годишно.