Немаме шанса да видиме како изгледа автомобилот по судирот, но се чини дека предниот дел веројатно претрпел значителна штета

Ако поседувате спортски автомобил со погон на задните тркала и сакате да вежбате дрифтинг, можеби најдоброто место ќе биде некој отворен дрифт настан, или ако апсолутно морате да го правите тоа на јавно место, празен паркинг без други автомобили или пречки.

Можеби најлошото место за ова е паркинг со многу бетонски столбови. Сепак, тоа е местото што го избрал сопственикот на оваа Honda S2000.

Клипот е објавен на мрежата TikTok од самиот сопственик на несреќната Honda S2000, а инцидентот се чини дека е снимен на Кипар. 

Немаме можност да видиме како изгледа автомобилот по судирот, но се чини дека предниот дел веројатно претрпел значителна штета, иако судирот се случил при релативно мала брзина. Има добри шанси на автомобилот да му треба нов браник, хауба… Можно е и значително оштетување на тркалата.

Погледот на профилот на TikTok на сопственикот покажува голем број други видеа од дрифт со моделот S2000, вклучително и на пат и на паркинзи. Очигледно овој човек бил малку пресигурен во своите способности кога решил да го направи тоа помеѓу бетонски столбови. Па не се вели без причина „се учи додека си жив“.

@aland_s2000 #honda #s2000 #crush #cy ♬ original sound – Aland_s2000