Ненадеен пресврт: Сепак прекин на индустриските активности на Renault во Русија
Сепак, што се однесува до уделот на француската компанија во AvtoVAZ, кој го вклучува и брендот Lada, Renault Group се уште ги проценува достапните опции.
Еден ден откако портпаролот на Renault за Reuters изјави дека Renault продолжува со работа во својата руска фабрика во Москва, откако производството беше запрено поради руската инвазија на Украина, пристигна официјално известување од Групацијата Renault.
Во кусото соопштение се наведува дека одборот на директори на Групацијата Renault на состанок во текот на вчерашниот ден одобрил прекин на активностите во производствениот погон во Москва.
Сепак, што се однесува до уделот на француската компанија во AvtoVAZ, кој го вклучува и брендот Lada, Renault Group се уште ги проценува достапните опции, земајќи ја предвид моменталната ситуација, бидејќи одговорно се однесува кон своите 45.000 вработени во Русија.
На крајот на раиштата, потсетуваат дека веќе ги спроведуваат неопходните мерки за усогласување со меѓународните санкции.