Некои луѓе сакаат автоматски, некои рачен менувач затоа што им дава супериорно чувство при возењето. Токму кај овие вторите, одредени навики многу лесно можат да доведат до рано оштетување на менувачот

Четири работи кои никогаш не треба да ги правите ако возите автомобил со рачен менувач:

Никогаш не ја потпирајте раката на менувачот

Механизмот на менувачот е многу чувствителен, а притисокот од раката, колку и да изгледа мал, може да ги оптовари сите компоненти и да го оштети менувачот. Затоа, држете ги двете раце на воланот.

Никогаш не ја одмарајте ногата на педалата за квачилото

Јасен знак дека го правите ова често може да биде мирис на изгорено од менувачот.

Имено, со одмарање на ногата на педалата се врши одреден притисок врз квачилото и неговите компоненти и се предизвикува прекумерно абење на ламелата за многу кратко време.

За да го избегнете ова, проверете како седите и дали седиштето е правилно прилагодено. Можеби токму тоа е причината за несвесно држење на ногата на педалата за квачилото.

Никогаш не го држете автомобилот во брзина на семафор

Возењето низ град вклучува и чекање на многу семафори, а честопати притискањете на педалта за квачилото додека чекате да се појави зеленото светло може значително да го оштети или истроши. 

Никогаш не давајте полн гас при низок број на вртежи

Така непотребно се оптоварува моторот, бидејќи не е во состојба да одговори на желбата на возачот, а ќе се обиде заради дадениот полн гас.

Loading...