Бизарна вест или не, но кога станува збор за Дубаи се е можно

Властите во Дубаи започнале акција именувана како „My Vehicle“, која подразбира информирање на сопствениците на возила кои се премногу валкани да ги измијат своите автомобили, во спротивно може да бидат запленети. Како што истакнуваат претставниците на Дубаи, ваквите возила го нарушуваат изгледот на градот и неговата околина, и на тој начин и штетат на целата заедница.

Ова се однесува на валкани и занемарени автомобили, како и на оние кои се оштетени. Доколку такво возило е на јавен паркинг подолг временски период, властите ќе направат три чекори. Првиот е да го известат сопственикот да го поправи својот домашен миленик, односно да го поправи или измие. Оној кој е сопственик на автомобилот ќе биде контактиран по телефон, или на самото возило ќе биде залепено известување.

Доколку сопственикот не постапи по барањето, властите го тргаат возилото од јавниот паркинг и го носат на посебна парцела предвидена за такви возила. Тука останува шест месеци, а оној што го поседува може да го добие со плаќање на соодветна казна (1.381 арапски динари) или околу 320 евра. На сумата се додаваат и трошоците поврзани со отстранувањето на возилото, потоа надоместокот за складирање на парцела и други даноци наметнати од градските власти, така што крајниот трошок сепак е далеку поголем за сопственикот.

Што се случува ако некој не плати за што е потребно за да си го врати возилото?

Ако казната не се плати во рок од шест месеци, автомобилот е официјално одземен, а потоа се продава на јавно надавање.