Не штедaт на превоз: Ова се десетте спортисти со најбогати автомобилски колекции
Егзотичните суперавтомобили се фетиш за фудбалерите, кошаркарите, голферите, возачите на Формула 1…
„Потрошив многу пари на алкохол, жени и брзи автомобили. Остатокот…!“ Култната изјава на фудбалскиот феномен Џорџ Бест стана легенда и стана ѕвезда водилка за новите генерации „лоши момчиња“ кои фантазираат за боемскиот начин на живот.
Ваквиот начин на живот можеби поминувал во 80-тите години на минатиот век, но во денешно време шише виски вечерта пред натпревар е незамисливо и е забранета авантура во сите клубови.
Затоа, богатите спортисти се принудени да најдат други „хобија“ за да си го исполнат времето во нивните изолирани царства, а по правило тоа се егзотични суперавтомобили за кои издвојуваат огромни суми.
Порталот givemesport објави листа од 10 спортисти со најскапи колекции на автомобили.
- Мајкл Џордан (Кошарка) – моментална вредност на колекцијата: 1,9 милиони фунти
Најдобриот кошаркар на сите времиња својот последен натпревар го одигра во 2003 година, а во неговата гаража продефилирале десетица скапи суперавтомобили, од Porsche 930 Turbo, Aston Martin DB7 Volante до Bentley Continental GT. Денешната колекција ја предводат Chevrolet Corvette C4 и Ferrari 512TR.
- Том Брејди (Американски фудбал): 3,3 милиони фунти
Најдобриот играч на сите времиња во американскиот фудбал или нашки кажано рагби, објави крај на кариерата. Во пензија, тој времето ќе го минува со Bugatti Veyron Super Sport, Aston Martin DB11 и Rolls Royce Ghost.
- Шекил О’Нил (Кошарка): 3,9 милиони фунти
Шек е во пензија веќе 10 години и времето го поминува како спортски коментатор. Легендарната НБА суперѕвезда обожава уникатни автомобили како Polaris Slingshot и футуристичкиот Vaydor.
- Џастин Верландер (Бејзбол): 4,3 милиони фунти
Еден од најдобрите бејзбол играчи моментално игра за Houston Astros. Во гаражата има скапа колекција на луксузни автомобили, вклучувајќи четири модели на Mercedes, Lamborghini Aventador, Aston Martin DBS и два Ferrari модела (California, 488 Pista).
- Луис Хамилтон (Формула 1): 13 милиони фунти
Седумкратниот светски шампион во Formula 1 неодамна ја продаде својата Zonda, но се уште има La Ferrari, McLaren P1, Mercedes-AMG Project One и AMG GTR, Ford Mustang Shelby GT500 и многу други.
- Дејвид Бекам (Фудбал): 15,1 милиони фунти
Колекцијата на легендарниот англиски фудбалер вклучува стари и модерни автомобили, од култното Porsche 911 од 1969 година до McLaren 720. Бекам има и Ferrari 550 Maranello, Lamborghini Gallardo, Rolls-Royce Phantom Drophead, Bentley Bentay итн.
- Кристијано Роналдо (Фудбал) 17 милиони фунти
Португалската икона има автомобилски фетиш со кој често се фали на социјалните мрежи. Моментално поседува три Bugatti модела (Veyron, Chiron, La Voiture Noire), три Ferrari модела (599 GTO, Fiorano, F430), Lamborghini Aventador LP 700-4, McLaren Senna, Bentley Continental GTC, Aston Martin DB9, Rolls Royce Phantom, два Porsche модела (911 и Cayenne Turbo), BMW М6, итн…
- Иан Полтер (Голф) 18,2 милиони фунти
Кога е бал, нека биде маскенбал: англискиот голф играч особено ја сака марката од Маранело, па во својата гаража има десет Ferrari модели. Има и два Mercedes модела, Porsche 911 GT2…
- Флојд Мејведер (Бокс) – 18,9 милиони фунти
Боксерска легенда со сооднос победи-порази 50/0 е зависен од трошење пари. Дел од своето богатство потрошил на три Rolls-Royce модела и четири Bugatti Veyron eдиници. Во гаражата има и Porsche 911 Turbo Cabrio, Mercedes SLS AMG и G63, Maybach S600, Bentley Flying Spur…
- Лео Меси (Фудбал) – 37,8 милиони фунти
Аргентинската десетка и актуелен играч на ПСЖ има вистинска „шведска маса“ од суперавтомобили во гаражата. Покрај Ferrari 335 S Spider Scaglietti, Pagani Zondа, Ferrari F430 Spyder, Меси поминува километри и во Range Rover Sport, Maserati Gran Turismo MC Stradale, Mercedes SLS AMG…