Британската автомобилска асоцијација ја истакна опасноста во која сопствениците ги доведуваат своите четириножни миленичиња кога ги оставаат во затворен автомобилски простор во жешките денови

„Бел чоколаден териер“ е оставен во салонот на патролен миниван во текот на еден типичен летен ден. Коко, инаку креација на работилницата Choccywoccydydah, снимен е како пати на предното седиште, каде што температурата достигнала 42,8 целзиусови степени.

<iframe width=”700″ height=”394″ src=”https://www.youtube.com/embed/KxYpu88W1Hs” frameborder=”0″ allow=”autoplay; encrypted-media” allowfullscreen></iframe>

Ова е еден вид апел до сопствениците на кучиња никако да не ги оставаат своите миленици во автомобилот за време на жешките летни денови.

<iframe width=”700″ height=”394″ src=”https://www.youtube.com/embed/KktRliLxtqQ” frameborder=”0″ allow=”autoplay; encrypted-media” allowfullscreen></iframe>

И покрај тоа што било потребно 3 и пол часа за чоколадниот териер целосно да се стопи, во реалноста, потребни се 20 минути за последиците да бидат фатални.

Треба да се нагласи дека отворањето на прозорците или паркирањето во сенка не е доволна заштита, така да кучињата е најдобро да ги поведете со вас, дури и ако времето на останување во автомобилот е многу кратко.