Наскоро доаѓа Need For Speed Heat! / ВИДЕО
Возбудливите автомобили, „валканите“ полицајци и еден куп улични трки, изгледаат фантастично
Франшизата Need For Speed е една од најстарите во светот на видео игрите, лансирана во средината на 90-тите години за корисниците на PC и конзолите за игри, како што се првата генерација на Sony PlayStation и Sega Saturn. Последното издание од серијалот се појави во 2017 година, под името NFS Playback, а во ноември оваа година пристигнува Need For Speed Heat. Судејќи според видео тизерите, целосно го заслужува своето име (heat – врелина).
Очигледно, главната акција се одвива во ноќните часови, а во описот на видеото дополнително стои дека има полицајци кои ја откажале својата послушност. Главниот лик (вие) треба да се изборите со група на корумпирани полицајци, така што практично се следи истата формула како и во некои минати изданија.
Судејќи според тоа што може да се види од трејлерот, графиката е фасцинантна. Се чини дека е во игра и широка персонализација на возилата, што е исто така еден од заштитните знаци на франшизата NFS.
Кои автомобили ќе бидат достапни, сè уште не е познато, но во трејлерот може да се видат голем број на атрактивни возила, од американските Muscle Cars до италијански „егзотики“…
Лансирањето на Need For Speed Heat е закажано за 8-ми ноември.