Ако сте љубител на авантури и сакате да патувате со кампер, а финансиите не ви се на завидно ниво, размислете за „направи сам“

Со самиот избор на кампер, подготвени сте за помали компромиси, а кога истиот ќе се направи по принципот „направи сам“, компромисите се далеку поголеми, скоро на работ функцијата воопшто да биде исполнета. Еден таков  пример е „незапирливата Морган“, авантуристка која одлучила темелно да го преработи својот стар Ford Bronco. Во него таа планира да ја помине цела Америка, во друштво со нејзините кучиња.

Како успеала да ги интегрира спалната и дневната соба и кујната можете да видите во приложеното видео. Видеото ќе ви открие и каде се наоѓа тоалетот, но и дека има мал резервоар за отпадни води. Иако поговорката вели дека нужда не се врши таму каде што се јаде, очигледно тоа не вреди кога се вози. Тоалетот е интегриран во седиштето, а под возилото има одвод до мал резервоар. Можеби мирисот на урина и измет малку смета, но…

Погледнете и сами.