Во Индија сообраќајните метежи се секојдневие и во нив звуците од автомобилските труби се нешто што постојано се слуша, а таа врева ги полудува жителите што живеат покрај патиштата

Индискиот министер за сообраќај и патишта, Нитин Гадкари, на церемонија на отворање на автопатот во Нашик на новинарите им изјавил дека планира закон со кој ќе се пропише традиционална индиска музика да се користи како звук за трубите на автомобилите наместо досега класичните звуци. Тој, исто така, размислува за замена на сирените за брза помош и полициски автомобили со поубави звуци се со цел луѓето да се чувствуваат подобро. Кандидат за такви звуци е песна што ја слушнал на радио.

Министерот смета дека силните сирени се досадни и дека го нарушуваат слухот. Алтернативните звуци за сирените вклучуваат флејти, индиските табла тапани, виолини, усна хармоника …