Нарачател на студијата, спроведена помеѓу 14 и 18 јуни, а во која учествувале 2.174 лица е организацијата Vinci Autoroutes Foundation

Интересно, но не само што дури 37% од населението во оваа држава проблемот со ѓубрето во автомобилот го решава со негово исфрлување преку прозорецот, туку овој резултат е за 33% полош од студијата спроведена претходната година.

Како заклучок, се наметнува забелешката дека и покрај бројните пораки насочени кон подигнување на еколошката свест на поединецот за заштита на природата, Французите се далеку од тоа за да се сметаат за пример за тоа како го третираат ѓубрето, а ова особено важи за времето од годината кога најмногу се патува, летото.

На патот, воглавно завршуваат картонски и пластични чаши, шишиња изработени од ист материјал, лименки, најразлична амбалажа за храна и голем број отпушоци од цигари. Речиси секој шести испитаник (16%) признал дека додека е зад воланот, од цигарата се ослободил така што ја фрлил низ прозорецот. Со оваа „техника“ се служел секој втор пушач, што индиректно би довело до заклучок дека секој трет француски државјанин користи цигари.

Можеби резултатите од студијата не би биле такви како што се, ако Французите биле свесни за последиците од нивните постапки. Иако дури 84% од нив сметале дека ова е на штета на природната средина (поизразено свест во однос на период од пред две години за 3%, тие сепак сè уште не се свесни дека ваквото однесување е закана по здравјето и безбедноста на другите луѓе.

За 41% од испитаниците, фрлањето ѓубре на автопат не претставува ризик за другите корисници на патот, а ниту е ризично за персоналот задолжен за одржување на истиот (28%).

„Кога луѓето фрлаат работи од автомобилот на автопат, тие практично непотребно нè вработуваат“, вели Брајан Гоно, вработен во тековното одржување на најбрзите рути. Тој исто така истакнува дека од почетокот на годинава, ангажирани се голем број патролни возила за да се грижат за „здравјето“ на автопатиштата.

Скоро една петтина од испитаниците изјавиле дека сметаат дека фрлањето цигара низ прозорецот не води кон сериозен проблем, целосно игнорирајќи го фактот дека неизгасената цигара може да предизвика сериозен пожар.

Како да се објасни оваа количина на неодговорност изразена за време на спроведувањето на истражувањето?

Според студијата, 40% од испитаниците не сакаат да губат време за да најдат канта за отпадоци иако на дури 4.443 километри автопатишта низ Франција, на секое одморалиште има серија од канти и контејнери за отпадоци нудејќи можност за отстранување, па дури и сортирање на отпадот.