Наместо 20 за неприлагодена брзина, казна од 1.500 евра за непристоен гест
Германската полиција не дозволува поигрување со неа
Полицискиот оддел на Горна Франконија, регион во германската сојузна држава Баварија, на Facebook објави интересен случај на кршење на законот што се случил во април, а деновиве добил судски епилог.
Полицијата објави снимка од BMW X5 кое на местото каде што бил поставен радар – се движел 11 km/h побрзо од дозволеното. За овој вид прекршок во Германија е предвидена казна од само 20 евра. Сепак…
На видеото се гледа дека возачот, кога поминал низ контролната точка (за брзина на движење), го покажал средниот прст кон камерата. На полицијата тоа воопшто не и се допаднло, па испратиле пријава во судот.
Деновиве е објавена и пресудата: на 26-годишниот возач му е наредено да плати казна од 1.500 евра, заради непристоен гест, на што треба да се додаде и еден месец забрана за возење.