
Наменето за комерцијалисти: новиот Ford Fiesta ван
На Саемот за комерцијални возила во Бирмингем, Ford официјално ја претстави новата Fiesta во ван верзија, наменета за комерцијалисти и луѓе со мал бизнис
Новата Fiesta Van нема задно седиште и задни прозорци, туку зголемен простор за багаж. Таа е наменета за луѓе кои имаат сопствен бизнис, или носат мали количини на стоки, за кои не се потребни големи комбиња.
Автомобилот е заснован на моделот Fiesta со три врати и нуди две седишта плус товарен простор од околу еден кубен метар. Носивоста е околу 500 килограми, а во товарниот простор, кој е одделен од предниот дел на салонот со заштитна мрежа, може да се носат предмети до 130 сантиметри во должина.
Ford овој модел ќе го продава со три агрегати. Првиот е реден 3-цилиндерски агрегат со волумен од 1,1 литар кој произведува 84 коњски сили. Вториот е 1,1 литарски EcoBoost мотор со турбополнач кој развива 123 коњски сили, а третиот е дизел мотор со волумен од 1,5 литри, која развива 84 или 118 КС.
Ford Fiesta Van може да се нарача со најновата верзија на Sync 3 инфо-забавен систем и екран со големина од осум инчи, како и со бројни системи за помош. За моделот се нуди дури и спортска варијанта со малку поагресивен изглед и 18-инчни тркала.
Нарачките започнуваат наскоро, а првите единици до клиентите треба да бидат испорачани на есен.