Премиум моделите предводници на оваа класификација

Успешната економија, меѓу другото, е поврзана со движење на средства. Ова исто така важи и за личниот буџет. Овде станува збор за купување на нов автомобил, кој во некој момент можеби ќе биде препродаден. Токму на оваа тема е студијата на американската компанија Kelley Blue Book за најпрофитабилните електромобили за препродажба.

За многу луѓе кои сакаат да купат електричен автомобил, главните фактори за одлука се километражата или автономијата со едно полнење и, на пример, динамичките карактеристики. Важна улога може да одиграат и времето на полнење на батерискиот систем како и нивниот животен век. За други пак сигурноста и адаптацијата на автомобилот во екстремни временски услови се врвни приоритети.

Сепак, многумина купувањето на нов автомобил го сметаат само како финансиска трансакција, па тука веќе „моабетот“ е сосема друг. Кој електричен автомобил да се купи, а потоа и да се продаде со заработка? Податоците за процентот на оригиналната вредност на автомобилите на американската компанија Kelley Blue Book се базираат на прогноза за три години.

Според компанијата најпрофитабилни автомобили се Tesla Model 3 (64,3 %), Jaguar I-Pace (52,8 %), Tesla Model X (52,7 %), Audi e-tron quattro (52,5 %), Chevrolet Bolt (41 %), Hyundai Ioniq Electric (35,5 %), Nissan Leaf (34,3 %), Kia Soul EV (28 %).

Кои заклучоци може да се извлечат од овие податоци? Прво, очигледно е дека електричните автомобили задржуваат помал процент од нивната оригинална вредност по три години во споредба со традиционалните автомобили. Ова во голема мера е поврзано со перформансите и намалувањето на животниот век на батериите.

Предвидливиот раст на пазарот на електрични автомобили, не може да влијае на предностите на нов автомобил и неговата препродажба по некое време. Новите електрични автомобили наскоро ќе можат да поминуваат подолго растојание со едно полнење. Според тоа, побарувачката за претходни модели, вклучувајќи го и пазарот на користени автомобили, ќе падне. Ова директно влијае на анализата за задржување на вредноста која ќе треба да се намали за да привлече клиенти.

Извозните податоци покажуваат дека само премиум автомобилите, кои се на чело на листата, се очекува да задржат повеќе од половина од вредноста при препродажба. Понатаму, процентите се намалуваат динамично, што воглавно се однесува на електричните возила со мала километража. Интересно е тоа што Tesla Model S не е на листата, иако тука се другите два други модели на компанијата. Очигледно поради „возраста“, моделот веќе не се смета за ефективна инвестиција.