Меѓу првите 30 има и модели кои се далеку од она што претставуваат суперавтомобилите

Генерално познато на сите, Instagram е социјална мрежа на која луѓето објавуваат фотографии и видеа. И, се разбира, меѓу нив многу автомобилски фанови кои споделуваат фотографии од сопствените автомобили или оние од нивните соништа.

Кои автомобили се најпопуларни на Instagram? Одговорот на ова прашање го дава познатата британска компанија Veygo. Таа користела 62 хаштага за пребарување и врз основа на нив ги издвоила фотографиите од модели кои најчесто може да ги видите на оваа социјална мрежа.

И покрај тоа што веројатно очекувате тоа претежно да бидат супер автомобили и луксузни лимузини, можеби ќе се изненадите од некои од нив.

На пример, ако класичниот американски „muscle car“ Ford Mustang го зазема првото место,  на второто, колку и да е необично, е Honda Civic. Третата позиција ја држи уште еден јапонски модел – Nissan GTR.

Освен тоа меѓу првите 30 најпопуларни модели на Instagram, има модели кои немаат ништо заедничко со суперавтомобилите, како Mini Cooper, Toyota Corolla, Vauxhall Corsa, Volkswagen Golf и Fiat 500. На листата има и теренци како Jeep Wrangler, па и пикап – Chevrolet Silverado.

Впечаток остава големата разлика меѓу победникот во рангирањето и моделот на второ место, но тоа и не е толку изненадувачки, со оглед дека популарноста на оваа социјална мрежа од другата страна на океанот. Разликата меѓу Ford Mustang и Audi TTS, која е рангиран на 30-тото место, е над 11 пати.