Германската марка на саемот за автомобили во Лос Анџелес го претстави најмоќното издание на Cayman досега

718 GT4 RS веќе се докажа на Нирбургринг, каде што успеа да постави време од 7:04.511 за пократката дистанца, како и 7:09.300 за подолгата варијанта на патеката. Ова го потврдува тврдењето на Porsche дека овој модел е драстично помоќен автомобил од стандардниот GT4.

„Срцето“ на автомобилот е феноменалниот 4.0-литарски атмосферски боксер, „земен“ директно од Porsche 911 GT3. Сепак, во Cayman со централно поставен мотор испорачува „само“ 500 КС. Максималниот вртежен момент е 450 Nm, што е исто така нешто помалку отколку во случајот со 911 GT3. Она што е важно е дека во „црвеното“ и понатаму се влегува при 9.000 вртежи во минута.

Треба да се напомене дека 4.0-литарскиот мотор во стандардниот GT4 не е дериват на агрегатот од GT3, иако „врти“ со 8.000 вртежи во минута, произведувајќи 420 КС. Се разбира, ова е сепак многу брз автомобил, бидејќи GT4 RS во спринт до „стотка“ е само една секунда побрз од GT4 (3,4 секунди наспроти 4,4). Максималната брзина на RS е 314 km/h (GT4 – 304 km/h).

Погонскиот агрегат не е единствената ставка која придонесува за толку добри перформанси на најновиот модел на Porsche RS. Тежината е уште еден фактор, а инженерите на германската марка „скратиле“ 22 килограми во овој поглед, без да ја загрозат секојдневната употребливост на ова возило. Како што може да се претпостави, карбонските влакна влегле во игра во случајот со предните браници и хаубата, кои се направени од пластика засилена со јаглеродни влакна. За задното стакло е искористено лесно стакло, олеснети се и вратите, а крајниот резултат се одразува во тежината од 1.464 килограми. Во комбинација со 500 КС, 718 Cayman GT4 RS може да се пофали со однос моќ-тежина од 2,95 килограми по коњска сила.

Пуленот на Porsche е достапен исклучиво со 7-степен менувач со двојна спојка, кој се карактеризира со екстремно брзи менувања на степените на пренос. Преносот ја пренесува моќноста на задните тркала преку рачките на воланот или лостовите на централната конзола. RS се наоѓа на нешто повеќе од 2,5 сантиметри поблиску до подлогата и има прилагодлива суспензија ориентирана кон перформанси, со ревидирана работа на амортизерите, пружините и хоризонталните стабилизатори, кои се поврзани со телото со топчести спојници, за уште подобра прецизност. За прв пат во Кајман, тркалата доаѓаат со централна завртка.

Зголеменото влијание на „воздушните сили“ бара и соодветни аеро додатоци за GT4 RS да биде подобро „залепен“ на асфалтот. Задното крило со „лебедов врат“ е фиксирано, и е очигледна разлика од стандардниот GT4. Шасијата е оптимизирана за подобар проток на воздух, ас допринос имаат и задниот дифузор, прилагодливиот преден дифузор, предниот спојлер и страничните крила. Кога е во режим за возење на тркачката патека, GT4 RS обезбедува 25 проценти поголем вертикален аеродинамичен притисок во споредба со GT4.

Кој би сакал да извлече уште повеќе од овој Cayman може да се почести со опционалниот пакет Weissach кој дополнително ќе ја намали тежината на возилото. Овој пакет носи голем број делови од јаглеродни влакна (на пример, задно крило, панели на ретровизорите, преден спојлер), потоа издувни цевки направени од титаниум, како и 20-инчни тркала направени од легура на магнезиум.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1j3e-PwSd3ZZG1QSfq_SwsMRSsCmLElYX” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Porsche на клиентите на GT4 RS ќе им понуди и специјален часовник Porsche Design, инспириран од стилот и перформансите на овој врвен Cayman.