Суеверијата обично се остваруваат само на оние кои веруваат во нив

Голем број сопственици на автомобили се многу суеверни луѓе и можат да видат специјален знак во која било ситуација на патот. Но, кои се најчестите верувања кај луѓето кои голем дел од своето време го поминуваат зад воланот?

Најпопуларното од нив е верувањето дека откако ќе се измие автомобилот, ќе заврне дожд и користа од миење на автомобилот ќе биде еднаква на нула. Всушност, шансата да заврне дожд е исто толку веројатна колку и да не заврне, 50-50.

Многумина возачи веруваат дека птичјиот измет на возилото, носи среќа, но некои очигледно забораваат дека ако истиот остане предолго на каросеријата на автомобилот, може сериозно да и наштети на бојата. И наместо заштеда, на крајот ќе има трошоци – за фарбање на автомобилот.

Автомобилот е како жената – ако го третираш лошо, ќе се одмазди кога тогаш. Спротивно на тоа, шансите за некаков дефект се помали. Затоа многу возачи сметаат дека почитувањето на оваа девиза е многу важно.

Некои возачи задолжително мораат да удрат со нога по пневматиците пред да тргнат на пат. Ако ги прашате, зошто го прават тоа, тие ќе речат дека така е најлесно да се провери притисокот. Сепак, подобро е да се користи манометар во такви случаи.

Црните мачки се посебна приказна….

Многу сопственици на автомобили се на мислење дека не треба да користат резервни делови од хаварисан автомобил, бидејќи тоа ќе донесе иста и за нив и нивното возило. Други пак ставаат во автомобил некаква маскота или некој религиозен симбол – крст или икона. И мислат дека тоа ќе ги спаси од проблеми.

Не е јасно дали ова спречило некој да се спаси од проблеми на патот. Напротив, вистината е дека треба да се биде повнимателен кога се патува – тогаш шансите за било какви проблеми се помали.