Има ли нешто поубаво од убава девојка? Има! Убава девојка која сака автомобили.

Кој вели дека вашата сопруга, мајка на вашите деца мора да биде силиконска кукла со бујни гради, набабрени усни, трениран задник и извајано тело? Совршена жена ќе биде онаа која знае да се грижи за себе, за вас и вашето дете, и за вашиот дом, а колку е поблиску до убавиците од телевизиските екрани, толку подобро. Но изгледот не е клучната карактеристика на најдобрите жени на планетата! Она што му се допаѓа на секој љубител на автомобили, (освен автомобилите), се девојките кои не се двоумат да ги засукаат ракавите и да ѕирнат под хаубата… Важно е таа да ја разбере нашата љубов кон автомобилите, а ако и самата ги сака „she’s definitely a keeper“, или по нашки „девојка за мажење“!

Лајк за сите девојки кои не глумат принцези!!!