Автомобилските фанови се радуваат на секоја нова генерација на Porsche 911, но за разлика од вистинските фанатици, малку се оние кои ја гледаат разликата помеѓу новиот и стариот модел

Токму затоа е популарна шегата дека експертите од Porsche не мора да губат време за работа на дизајнот на новиот автомобил, туку е доволно да го искористат претходниот шаблон.

Што е всушност разликата помеѓу новиот 992 и неговиот претходник 991?

За да се замараме сами, се погрижиле од Porsche изведувајќи ги на пат заедно 991 и 992.

Ако не сте сигурни кој е кој, малку помош – жолтиот автомобил е новиот модел, а синиот е тој кој наскоро нема да се произведува. Барем од поголема одалеченост, разликите се мали. Се разбира, „ѓаволот“ се крие во детали, а 992 има многу дискретни промени, како што се браникот, ретровизорите, позицијата на фаровите и задните светла, внатрешноста…