Ова се најпопуларните прашања за новите автомобили, од кои некои навистина се малку чудни

Зголемувањето на продажбата на електричните возила на глобално ниво полека но сигурно се превора од футурисика во реалност. Во поразвиените земји, изградбата на инфраструктура за електрични возила се движи со брзо темпо, паралелно со зголемување на продажбата. Сепак, информациите за нив се чини, сè уште не се доволни.

Еден специјализиран веб сајт за електромобили спровел анкета помеѓу своите читатели за тоа што ги интересира во врска со електромобилите.

Можеби чудно, но најчесто луѓето се прашуваат што ќе се случи ако електричното возило биде погодено од молња? Одговорот е: ништо страшно, електричните возила се заштитени од такви удари, како и сите други автомобили.

На второ место е многу попрактично прашање: Може ли електричните автомобили да се мијат во автоперални? Ова прашање е загрижувачко, бидејќи студија спонзорирана од владата на САД покажува дека 42% од испитаниците веруваат дека е опасно електричен автомобил да влезе во сервис за миење коли. И тука, одговорот е смирувачки: електричните автомобили можат без проблеми да влезат во автопералните.

Топ 5 се надополнува со прашањата дали електричните возила имаат потреба од специјални гуми, дали хибрид може да се полни преку мрежата додека врне и кое е просечното растојание помеѓу две станици за полнење. Одговорот на овие прашања е: не, да и околу 6 километри во Велика Британија.

Споредба со Македонија нема да направиме, но кој знае… Можеби нешто ќе се промени.