Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата одржана на 18 јануари информираше за Програмите кои што ќе ги реализира Министерството за економија во 2021 година, а кои што се донесени на последната седница на Владата

Меѓу останатите е и мерка по принципот „прв дојден, прв услужен“ за финансирање на граѓаните кои ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ) или метан во своите возила.

Граѓаните ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но  не повисок од 18.000 денари  или неполни 300 евра по возило. За оваа мерка се предвидени 11.000.000 денари илиоколу 600 возила.

Субвенцијата би изнесувала помалку од 18.000 денари во случај кога и уредот за автогас би чинел помалку од околу шестотини евра. Во случај на вградување на уред за автогас кој чини, на пример 1.500 евра, државата ќе надомести најмногу 18.000 денари, односно околу 300 евра.