Американците не се сигурни дали „тревата“ била нелегална, но затоа крадењето автомобил за нив е непростливо. Уште полошо ако не е платен данок.

Јужниот оддел на Калифорниската државна патрола за автопатишта (CHP) со гордост објави дека открила најмалку 35 украдени возила како резултат на повеќемесечна истрага од страна на специјалната единица за кражба на возила. Верувале или не, местото на злосторството е постројка за одгледување марихуана во затворен простор со „повеќе од 400 растенија“.

CHP ја проценила нето вредноста на украдените возила на околу 2,3 милиони долари. Не се дадени проценки за вредноста на марихуаната која се наоѓа на локацијата, но секако ја има многу. Двомесечната истрага довела до налог за претрес издаден од специјалната единица за кражба на возила во долината Сан Фернандо, каде што CHP пронашол многу украдени автомобили и едно огнено оружје. Осомничениот е уапсен на лице место.

Палетата на брендови помеѓу пронајдените на местото на настанот, според СНР, вклучува Jaguar, Land Rover, Lexus и Porsche, а на фотографиите се прикажани и различни модели на Aston Martin, BMW, Mercedes-Benz, Bentley и Corvette.

Во полициското соопштение не се дадени повеќе детали, но на фотографијата направена од воздух се гледаат над 20 возила паркирани во двор, додека други слики покажуваат голема штета на некои модели.

Нејасно е што точно планирале крадците да направат со украдената стока, но секако автомобилите не ги згрижиле како што треба. Некои од возилата најверојатно полицијата ќе ги продаде на аукција, откако ќе бидат обработени во потрага по докази.