Во Барселона е прикажан автономен брод со кој се управува далечински преку  4G и 5G мрежите, а кој треба „да и користи на нашата планета и да му помогне на општеството“

Оваа недела Барселона е светски центар на мобилната индустрија, па така на саемот Mobile World Congress се претставени многу паметни телефони, часовници, таблети, други уреди и интересни мобилни решенија. Едно од овие интересни, но невообичаени решенија за првенствено мобилен саем е беспилотниот брод кој е управуван од далечина преку 4G и 5G мрежи.

Бродот е заеднички развој на Ericsson, China Mobile и OceanAlpha, а на MWC е прикажан начинот со кој се управува со бродот – посетителите на штандовите на саемот можеа да управуваат со овој брод, кој е поставен во посебен базен кој е на десетина километри од саемот. На бродот има HD камера од која се емитува слика која пак се прикажува на големи екрани кои се наоѓа во областа на MWC.

Благодарение на овој брод без екипаж на далечинско управување, брзо и ефикасно може да се решат проблемите со загадувањето на морето и водата – прибирање на податоци и анализа, идентификација на причините за загадување и брза реакција на тоа загадување. Од Ericsson велат дека ова се првите чекори кои ни покажуваат како поврзаноста на 4G и 5G може да и користат на нашата планета и да му помогнат на општеството.

Според генералниот менаџер на OceanAlphe Ран Жанг, овој брод целосно би требало да го промени традиционалниот начин на хидролошки истражувања и следење на квалитетот на водата, а ќе имаат ефект и врз намалувањето на трошоците и подобрување на точноста на податоците.

Потпирајќи се на 5G комуникациска технологија, бродот без екипаж на OceanAlphe може да врши мерења на површината на водата, проверка на квалитетот на водата, да користи апликации од оддалечена локација и да користи автопилот, вели Жанг.