Како потсетување, ликот толкуван од Стив Меквин беше полициски детектив од Сан Франциско во потрага по мафијашки шефови

Ford Mustang често се појавува на кино екраните од неговото претставување во 1960-тите. Но, од сите негови појавувања во Холивуд, изведбата во филмот „Bullitt“ е една од највпечатливите, до таа мера што Ford создаде три Mustang Bullitt.

Ако сте љубител на филмот, Mustang Bullitt или ликот на Френк Булит, ова се добри вести за вас. Стивен Спилберг наводно ќе го режира новиот „Bullitt“, според извештајот на Deadline Hollywood.

Имено, новиот филм нема да биде римејк на оригиналниот филм од 1968 година. Наместо тоа, тоа ќе биде оригинална приказна фокусирана на Френк Булит, главниот протагонист кој во оригиналниот филм го игра Стив Меквин. Кристи Мацоско Кригер ќе биде копродуцент на филмот заедно со Спилберг, а сценариото ќе го пишува оскаровецот Џош Сингер.

Да потсетиме, ликот на Меквин беше полициски детектив од Сан Франциско, во потрага по мафијашки босови кои убиваат сведок на случај на кој тој работи. Улогата се сметаше за пресвртница во кариерата на Меквин, иако сцената на бркотница со автомобилот се смета за една од најпознатите бркотници со автомобили во историјата на кинематографијата.

Веројатно ќе гледаме нови бркотници, но со оглед дека овој филм нема да биде римејк сè уште е се мистерија во моментов. Дополнително, на Спилберг не му се непознати бркотниците со автомобили, со оглед на некои од неговите минати дела како што се „Raiders of the Lost Ark“ и „Minority Report“.

Извори за Deadline Hollywood велат дека сценарио сеуште нема и дека договорите се уште се финализираат, така што не се очекуваме новиот Bullitt да излезе оваа година.