MWC 2018: Sony претстави паметни телефони за „екстремна забава“ / ВИДЕО

0

Двата нови Sony Xperia паметни телефони, XZ2 и XZ2 Compact, доаѓаат со одличен хардвер, моќни камери кои можат да снимаат 4K HDR видео, стерео звучници и технологија што овозможува да ги почувствуваме звуците

Хардверски, овие уреди не се разликуваат премногу од конкурентските топ-модели. Движечка сила е процесорот Snapdragon 845, а тука се и 4 GB RAM и 64 GB меморија за складирање која може да се прошири со мемориска картичка до капацитет од дури 4TB. И двата модели доаѓаат со Full HD+ HDR дисплеи кои се разликуваат само во големината – моделот XZ2 има 5.7-инчен екран, додека XZ2 Compact има 5-инчен екран.

Sony акцент го става на видео и аудио искуството – со задната 19 MP камера може да се снима 4K HDR видео, поддржува super slow-motion видео (Full HD 960fps) како и снимање на фотографии во услови на слаба осветленост (ISO 12800 за фотографии и ISO 4000 за снимање видео). Од предната страна се наоѓа камера од 5 MP со која, освен класични автопортрети, може да снимате и 3D автопортрети кои можете да ги качите на Facebook и да ги користите како аватари.

Вљубениците во музиката ќе ги ценат предните стерео звучници кои се за 20 проценти посилни од минатогодишниот XZ1 модел, а треба да се истакне и една новина достапна само на XZ2 – Dynamic Vibration System. Благодарение на оваа технологија, корисниците може буквално да го чувствуваат она што го слушаат, бидејќи DVS аудио сигналите ги претвора во вибрации па вибрирањето на телефонот во ритамот на звукот може да се почувствува и додека се гледаат филмови, при слушање на музика и играње игри.

Двата модели ја поддржуваат Qualcomm технологијата Quick Charge 3.0, додека XZ2 има и поддршка за безжично полнење, опција која стана стандард за врвните телефони.

Освен телефоните, Sony на MWC 2018 во Барселона го најави и доаѓањето на слушалкуте Xperia Ear Duo. Прво ќе се појават на американскиот пазар во месец мај, по цена од 280 долари. Станува збор за таканаречени Open Style слушалки кои овозможуваат уживање во музиката или звукот од слушалките, но во исто време ги пропуштаат и звуците од околината, што е особено корисно за тркачите и велосипедистите.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »