Заборавете на Ferrari, Rolls-Royce, McLaren и слични производители чии модели красат многу светски колекции на автомобили

Но за некои вљубеници во автомобилите ваквите колекции се малку здодевни. Следната колекција привлекува внимание на многу поинтересен начин.

Станува збор за Мирон Вернис, ентузијаст кој има љубов кон малку поинакви автомобили, поради што неговата колекција е вредна да се спомене. Инспириран од написите на американскиот портал за автомобили Jalopnik, каде често придонесува за онлајн заедница со своето знаење за заборавените автомобили за кои веројатно многумина од нас никогаш не ни чуле, тој решил да премине од збор на дело и да ја состави веројатно најневообичаената колекција на автомобили во светот.

Ниту еден автомобил од таа колекција не е таму случајно, а интересни приказни се поврзани со секој од нив. Уникатни, рани прототипи и автомобили што секој површен познавач би се запрашал зошто. Но не и за Мирон кој во колекцијата го додава секој автомобил што ќе му се допадне од која било причина. Зад неговото пребарување стои ентузијазмот и желбата да се откријат скриени скапоцени камења, но не и брусени дијаманти. Овде станува збор за автомобили чии недостатоци како вдлабнатината на каросеријата не претставуваат проблем, туку само уште еден елемент од приказната зад нив. Тие не светат ниту се доведени во совршена состојба, но гордо ги носат сите нивни „воени“ лузни.

Погледнете го видеото. Има многу што да се чуе, види и научи.