Може ли Volkswagen Golf III да влече автобус по нагорнина и снег?!
„Дизелаш“ со 90 КС и погон на сите тркала се покажале како добитна комбинација
Интересна снимка доаѓа од Германија, поточно местото Киркхајм во околината на Штутгарт. Снегот освен прекрасна глетка донесува и маки за возачите.
Локален автобус не можел да се искачи по нагорнина и на крајот заглавил во снегот. Но, во помош дошол возач со Golf III. Обичен Gоlf со погон на предните тркала, тешко дека би успеал, но моделот Syncro, со погон на сите четири тркала се покажал како успешен во извлекувањето на автобусот.
Погледнете го видеото во прилог.