Тимот на шоуто Top Gear организирал интересна трка за забрзување на четири автомобили

Целта била да се тестира дали спортските кросовери може да им парираат на популарните компактни модели со високи перформанси.

Честа на hot-hatch моделите ја бранат AMG A35 и Golf R со 2.0-литарски 4-цилиндерски турбо-бензинец со околу 300 КС и 1.500 килограми тежина. Предизвикувачите се членови на VW групата, Audi SQ2 и Cupra Ateca кои ја делат базата со Golf R и имаат идентичен TSI мотор под хаубата.