Предностите на електричните автомобили се особено видливи на трките за забрзување каде што автомобилите на Tesla зад себе ги оставаат и најпознатите „спортисти“

Не треба да се биде премногу технички умен за да се разбере колку е супериорен електричниот погон во овој домен, со идеална крива на работа и пренос. Сепак, понекогаш вештината на возачот, малку среќа и добро сетиран Golf се доволни за да се случи нешто друго.

Токму тоа се случило во овој случај кога возачот на Golf реагирал одлично, додека возачот на Tesla е фатен на „крива нога“. Се разбира, со Telsa не можете да се борите со обичен Golf, туку со топ верзија, односно R изведба со 2.0 TSI мотор и погон на сите тркала. Кога станува збор за сериското издание, станува збор за 310 КС и 400 Nm, спринт до 100 km/h за 4,6 секунди и максимални 270 km/h.

Tesla Model 3 на располагање има 450 КС од самиот старт, а до 100 km/h стигнува за 3,4 секунди. Со едно полнење, автономијата е над 500 км. 

Погледнете како помина трката за која зборуваме. Акцијата започнува на 2:15.