MotoGP: Маркес победник на трилерот во Асен
Возачот на Honda, Марк Маркес, е победник на феноменалната трка за Големата награда на Холандија на патеката во Асен
Марк Маркез стигна до четвртата победа во тековната сезона, по исклучително голема борба во Асен, пред Алекс Ринс, третиот Маверик Вињалес, четвртиот Андреа Довициозо и петтиот Валентино Роси.
Трката беше исклучително изедначена во текот на речиси сите 26 круга, а сеуште актуелниот шампион предноста за победа ја направи на само четири круга до крајот.
Хорхе Лоренцо добро ја започна трката и од десеттото стартно место стигна до водечките. Веднаш го предизвика Марк Маркез од кој ја презеде првата позиција и која ја држеше речиси половина од трката.
За време на трката на врвот беше и Алекс Ринс, додека Маверик Вињалес нешто подоцна успеа да им се придружи на водечките. Во подоцнежните моменти на трката, Валентино Роси почна да заостанува, додека на врвот се водеше голема битка. Лоренцо од првата позиција падна во средината на трката, за потоа брзо да почне да заостанува.
На врвот во тој момент беа Андреа Давициозо и Марк Маркез, а Маверик Винкалес и Валентино Роси ја чекаа својата шанса. Во еден момент доаѓа до дуел за позиција помеѓу Маркез и Вињалес, но и контакт со мотоциклите, по што и двајцата ја изгубија идеалната траекторија на возење, па челнте позиции им ги препуштија на Роси и Довициозо.
Во следниот круг, на лидерската позиција се менуваат Довициозо и Роси, за да во 22-круг на првото место повторно се врати Маркес, каде што и остана до крајот на трката. Борбата за второто место на крајот ја доби Ринс, кој така стигна до својот најдобар MotoGP резултат. За последното место на подиумот се избори Вињалес.
На три круга до крајот, кога беше јасно дека Шпанецот ќе биде прв, Валентино Роси се обиде да го помине Довициозо и да избие на второто место. Довициозо ја затвори првата кривина по стартната рамнина и го принуди Роси да ја напушти патеката. Докторот потоа не можеше да се врати меѓу водечките и заврши како петти, иако до крајот имаше уште еден напад на позицијата на Довициозо.
Ова беше веројатно трка на сезоната во која беа видени повеќе од 100 престигнувања, а првиот и седмиот на крајот ги делеа само 4,46 секунди.
Во генералниот поредок води Марк Маркез со 140 поени, пред Валентино Роси со 99 и третиот Вињалес со 93.
2018 Dutch Grand Prix | Race Highlights
2018 Dutch Grand Prix | Резултати
2018 MotoGP | Генерален пласман ВОЗАЧИ
Следната трка се вози на 15 јули во Германија.