Моќни и скапи SUV модели… сепак тешко се снаоѓаат за тежок терен / ВИДЕО
Теренците никогаш не биле евтини, но луксузните премиум SUV модели се и чекор подалеку
Во исто време, станаа поголеми, со уште помоќни мотори и, полни со електроника, со врвни возни карактеристики. Но, само на асфалт, бидејќи на терен капитулираат пред десет пати поевтини и забележително постари теренци. Секако ако се најдат на таков терен
YouTube каналот SUV Battle онака на купче ги однел токму на таков терен. Рака на срце, теренот е навистина тешко прооден, и со него можеби би се „бореле“ и вистинските теренци. Меѓу донесените Audi Q7 / Q8, преку BMW X5 / X6, сè до Jeep Grand Cherokee, Lexus RX 350, Range Rover Sport, Mercedes GLE, па дури и Volvo XC90.
Како поминале на теренот кој изискува многу од возилото, погледнете од приложеното видео.