На тркачка патека постигнува исти перформанси по круг како и актуелниот Porsche 911 GT3 Cup

На самиот почеток на автомобилскиот салон IAA Mobility 2021 во Минхен, Porsche ни даде спектакуларен увид во автомобилската иднина. Концептната студија  Mission R комбинира најсовремени технологии и одржливи материјали како пластика засилена со природни влакна со страст за тркачките спортови.

Нагласенo спортскиoт автомобил за тркачки натпревари со електричен погон заедно со прогресивен дизајн ги носи карактеристичните црти на спортските автомобили од Штутгарт-Цуфенхаузен.

Двата новоразвиени електрични мотори во Porsche Mission R постигнуваат моќност до 800 kW (1088 КС) во таканаречен квалификациски режим. Капацитетот на батеријата од околу 80 kWh и иновативната рекуперација овозможуваат спринт без никаква загуба на перформансите.

„Porsche е бренд за луѓе кои ги исполнуваат своите соништа. Ова важи и за мотоспортот. На тркачката патека, ја живееме нашата иновативна сила, ја докажуваме нашата храброст за нови патишта и уживаме во спортските перформанси”, вели Оливер Блум, извршен директор на Porsche AG“.

„Покрај нашето вклучување во Светското првенство во Formula Е, одиме уште еден голем чекор понатаму. Оваа концептна студија е нашата визија за чисто електричен мото спорт за купувачите”.

Mission R отелотворува се она што го прави еден Porsche автомобил толку моќен: перформанси, дизајн и одржливост. Мотоспортот е од големо значење за клиентите на Porsche. Од почетокот на Porsche Carrera Cup во Германија пред 31 година, производителот на спортски автомобили има произведено и испорачано повеќе од 4.400 единици Cup возила.

Porsche Mission R дава увид во тоа како може да изгледа иднината на тркачките натпреварите со чисто електричен погон. Возилото со погон на сите тркала, кое развива скоро 1.100 КС во спортски режим, забрзува од место до 100 km/h за помалку од 2,5 секунди. Максимална брзина: повеќе од 300 km/h.

Овој електричен тркачки автомобил ги постигнува истите перформанси во еден круг како и актуелниот Porsche 911 GT3 Cup. Благодарение на ново дизајнираните електрични мотори и батериски ќелии – сите опремени со иновативно директно маслено ладење – концептот Porsche Mission R во тркачки режим обезбедува константна моќност од 500 kW (680 КС).

Таканаречениот derating, т.е. попуштање на батериската моќност поради термички услови, во тој случај отпаѓа. На предната оска работи електричен мотор со моќност до 320 kW (435 КС), а на задната и до максимум 480 kW (653 КС). Благодарение на напредната технологија од 900 волти и Porsche турбо полнењето на батеријата, доволно е пауза во трката од околу 15 минути за надополнување од пет до 80 проценти од единица за брзо полнење (State of Charge / ниво на полнење).

Полнењето може да следи се до моќност до 340 kW. Mission R, исто така, го покажува понатамошниот развој на системот Porsche Active Aerodynamics (PAA) со Drag Reduction System (DRS) на предниот дел и задното крило. Со тоа се опфатени по три ламели во двата странични влезови за воздух напред, како и прилагодливо задно крило од два дела. Покрај иновативниот батериски електричен концепт и каросеријата, оваа концепт студија се потпира на намалување на CO2 и одржливост. Таа во голема мера се состои од природна пластика зајакната со природни влакна (NFRP).

Основа за тоа се ленените влакна од земјоделието. Овој еколошки материјал е користен и за усната на предниот спојлер, дифузер и страничните прагови. Во внатрешноста на Mission R, NFRP исто така се користи во значителна мера, на пример за внатрешните панели на вратите, задниот преграден ѕид и седиштето. Внатрешниот дизајн во сите области го става возачот во центарот. Ергономски поставениот екран помеѓу командите на воланот за време на трката ги покажува релевантните податоци. Мониторот над управувачката колона прикажува слики од камерите на страничните ретровизори и централната задна камера.

Бројни други камери во пилотската кабина внатре овозможуваат возбудливи клипови за пренос во живо. Во проектот Mission R, Porsche ги поврзува вистинските и виртуелните трки толку тесно како никогаш досега.

Безбедносната структура изработена од композитен материјал со карбонски влакна комбинира висок заштитен потенцијал за возачот со мала тежина и уникатен изглед. Инженерите и дизајнерите на Porsche новоразвиената кровна конструкција од карбон ја нарекуваат „егзоскелет“.

Таа го поврзува сигурносниот кафез со кровната кожа. Со должина од 4.326 милиметри, Porsche Mission R е нешто помал од сегашната серија 718 Cayman, но со 1.990 милиметри е значително поширок и со надворешна висина од 1.190 милиметри значително понизок. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1YC_zxa4u-cwNGNUcfpXJIV4aUaZN3iUE” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]