Кризата со чипови и бавни логистички синџири ја зголемува нервозата на состаноците на директорите на компаниите кои работат во автомобилската индустрија, па се раѓаат некои креативни идеи

На своето ново Mini клиентите чекаат со месеци, а американската филијала на компанијата очигледно се среќава со незадоволни клиенти кои се навикнати на експресна услуга. Токму тука е делот со креативни идеи – на некои клиенти им се нудат сложувалки со големина на автомобил наместо Mini. Во продавниците не можете да најдете џиновска сложувалка, а во Mini се потрудиле некои клиенти да да можат да ја состават во својата гаража.

Mini има 350 примероци на сложувалки и ги нарекле WE’RE-WORKING-HARD-TO-GET-YOU-YOUR-CAR, WAITING-IS-THE-WORST, IN-THE-MEANTIME-HAPPY-PUZZLING, MINI PUZZLE или Not So MINI сложувалка.

Не е познато дали ова ќе ја задоволи „жедта“ на клиентите, но барем е оригинален поглед на проблемите кои ја мачат автомобилската индустрија. Џиновски сложувалки ќе добиваат само одбрани клиенти, а останатите ќе треба да се задоволат со помали модели.