MINI го слави својот 60-ти роденден со јубилеен модел / ФОТО
Во знак на шест децении постоење, за годишнината пристигнува јубилеен MINI 60 Years Edition, кој ќе биде произведен во ограничен број на примероци
Шеесет години по лансирањето на малиот британски автомобил, кој благодарение на неговите уникатни карактеристики стекна светска популарност, MINI претставува модел кој со дизајнот го истакнува своето британско потекло и карактер.
Во боја која е карактеристика на британските тркачки автомобили, British Racing Green, специјалното издание MINI 60 Years Edition го нагласува спортското наследство на брендот.
Посебниот изглед го заокружуваат пругите на хаубата со специфичен дизајн на годината на јубилејот, и алуминиумски фелни од 17 инчи во верзија круг „60 години“.
Бројот 60 се појавува и на внатрешни и на надворешни елементи на автомобилот, како и во LED проекцијта која се гледа кога ќе ја отворите возачката врата.
Стандардната опрема на ова издание вклучува спортски кожен волан и кожни спортски седишта во ексклузивна боја Dark Maroon.
Понудата вклучува два бензински и два дизел мотори со моќност од 100 kW / 136KS до 141 kW / 192KS. На купувачите ќе им бидат достапни верзиите MINI Cooper 60 Years Edition, MINI Cooper S 60 Years Edition, MINI Cooper D 60 Years Edition и MINI Cooper SD 60 Years Edition. Сите модели ќе можат да нарачаат во варијанта со 3 и 5 врати.
Специјалното издание MINI 60 Years Edition ќе биде достапно од март 2019 година.