Моделот e.Primacy е првата гума од овој реномиран производител која е еколошки дизајнирана за да го намали влијанието врз животната средина благодарение на проценката на животниот циклус, истовремено нудејќи најмала отпорност на тркалање во сегментот

Во продажба од март, гумата има рејтинг А за енергетска ефикасност и Б за перформанси во влажни услови, комбинација со која може да се пофали само 1% од гумите на пазарот, посочуваат од Michelin.

Официјалните податоци велат дека оваа гума може да ја намали потрошувачката на гориво до 0,21 l / 100 km кај возилата напојувани од мотори со внатрешно согорување, заштедувајќи 80 евра во текот на траењето на гумата. Намалувањето на емисиите на СО2 се проценува на 174 kg за време на нејзиниот животен век, што пак одговара на емисиите на СО2 од возила кои поминуваат повеќе од 1600 километри. За електричните возила, оваа гума може да го зголеми опсегот со едно полнење на батеријата за забележителни 7%.

Гумата се нуди во 56 верзии, од 15 до 20 инчи и за сите видови возила.