Mercedes се откажува од моторите со внатрешно согорување во текот на оваа деценија!
Mercedes се приклучува на списокот на производители кои јавно ја искажаа својата посветеност на скорешното одрекување од она што го носи производството на мотори со внатрешно согорување
Челниците на компанијата од Штутгарт доста амбициозно одредија датум за откажување од производство и продажба на конвенционални модели, така што најавите објавени од германските медиуми велат дека тоа ќе се случи најдоцна до 2030 година.
Со други зборови, останува помалку од девет години за сите што сакаат да купат Mercedes напојуван од мотор со внатрешно согорување (ICE – Internal Combustion Engine). Се разбира, под претпоставка дека ги интересира нов фабрички примерок. Ова очигледно се однесува на дизелите, бензините, но исто така и за моторите со внатрешно согорување во хибридите, кои исто така наскоро исчезнуваат од понудата.
Конкретен план во овој поглед ќе биде презентиран на специјално организиран настан чиј домаќин ќе биде извршниот директор на Daimler, Ола Келениус, a кој ќе се одржи на 22 јули. Она што е веќе познато е дека укинувањето на понудата на конвенционални возила ќе биде постепено, како и дека развојот на неколку електрични автомобили е веќе во напредна фаза. Првично, тие ќе бидат понудени паралелно со останатите верзии, вклучително и хибридите, но до 2030 година, новите примероци на трокраката ѕвезда, на пазарот ќе останат оние се напојуваат со електрична енергија.
Првично, термичките агрегати ќе бидат отстранети од понудата само на европскиот континент, што значи дека сепак ќе биде можно да се добијат нови дизел и бензински возила од Mercedes уште некое време, доколку тоа го дозволуваат локалните регулативи. Како што е познато, голем број земји размислуваат да воведат забрана за продажба на возила што се придвижуваат од мотори со внатрешно согорување, а некои веќе имаат донесено и соодветно обврзувачко законодавство во врска со ова.
Интересно е да се каже дека новата генерација на Ѕ-класата, но и пониско позиционираната С-класа ќе бидат претставени без мотор со внатрешно согорување под хаубата. Нивното деби се очекува по 2026 година.
На тој начин, Mercedes се приклучува на Audi, кој излезе со слична најава пред околу десет-петнаесет дена. Сепак, треба да се додаде дека ништо револуционерно не се случува овде, туку дека производителите едноставно се принудени да ги заменат моторите со внатрешно согорување со електрични агрегати во догледно време поради се поригорозното законодавство во Европската унија.