Поради недостаток на чипови, германскиот производител на автомобили Daimler во неколку фабрики низ Германија и Унгарија ќе испрати работници на чекање

Во неколку фабрики, производството ќе биде целосно или делумно запрено, објави компанијата.

Производството во фабриката во Бремен е веќе запрено, делумно и во фабриката во Синделфинген, пренесува германската новинска агенција DPA. Барем досега, Daimler нема објавено информација колку работници ќе бидат погодени со оваа мерка.

Програмата на германската влада им овозможува на компаниите да испратат работници на чекање со помала плата наместо да отпуштаат. Оваа мерка ја користеле многу компании минатата година кога практично целиот свет беше најтешко погоден од пандемијата со COVID-19.