Целосното име е Cigarette 41’ Nighthawk AMG Black Series и е во директна врска со моделот GT Black Series на AMG

Во овој случај, погонот за екстремно издолжениот труп се мотори кои по потекло не се бродски. Станува збор за Mercury Racing 450 R, односно 4.6 V8 единици, од кои секоја развива максимална моќност од 336 kW / 457 КС. А има вкупно пет, што значи 1.678 kW / 2.282 КС. Затоа, не треба да изненадува што овој пловен објект достигнува максимална брзина од 78 јазли, или 145 km/h. Особено важно, оваа брзина ја достигнува и со десетина патници, што го прави навистина посебен во светот на наутиката.

На јахтата работел и Cigarette Racing Team, а сегмент од палубата и покривот се направени од карбон. Од особеностите на бродот треба да се спомене специјалниот Cigarette Cool материјал за седиштата кој во темни нијанси не ја апсорбира сончевата топлина и останува пријатен на допир. Тука се и три Garmin екрани како и главниот екран монтиран во алуминиумско куќиште.

Цената е непозната.

https://youtu.be/Q3u93CLpnY4