По лансирањето на CX-60, Mazda го најавува и поголемиот кросовер CX-80 за европскиот пазар

Засега е познато дека CX-80 ќе биде прикажан во текот на 2023 година, како поголема варијанта со седум седишта. Техничките детали допрва треба да се соопштат, но овие два модели најверојатно ќе бидат идентични, освен разликата во големината.

CX-60 користи ново семејство на 6-цилиндерски бензински и дизел мотори, надополнети со plug-in хибридна поставка, а CX-80 најверојатно ќе ги наследи погонските агрегати и изборот помеѓу погон на задните и сите тркала поврзани со 8-степен автоматски менувач.

Засега не е познато колкав ќе биде CX-80, додека стандардниот CX-60 со два реда седишта е долг 4.740 mm и има меѓуоскино растојание од 2.870 mm. Се разбира, идниот CX-80 ќе биде малку потежок од CX-60.

Треба да се напомене дека CX-60 и CX-80 не доаѓаат во Северна Америка, но Mazda планира еквивалентни модели како што се CX-70 и CX-90.